ММС

Објавено на: 05/20/21 7:50 AM

Дно од човек – Буба Корели ги покажа неговите гениталии и го згрози цел Балкан

Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, ја шокираше јавноста кога на својот Инстаграм објави фотографија на која се гледаат неговите гениталии. Иако ја избриша сликата само по неколку минути, неговите следбеници успеаја да ја зачуваат и да ја испраќаат, па стана вирална на сите социјални мрежи.

Фотографијата предизвика бурни реакции, особено од родители, чии малолетни деца и тинејџери го следат, а тие го нападнаа и осудија за ова и се прашуваа каков пример им дава, пишуваат српските медиуми.

– Какво дно е овој човек. Колку деца го следат само на Инстаграм. Замислете го шокот на тинејџерка или девојка која никогаш не видела машки полов орган … Срамота! Избришете му го профилот трајно! – е еден од коментарите што доби голема поддршка од корисниците на Твитер.

Од друга страна, имаше и такви кои го исмеваа раперот и големината на неговата гордост. Ова најмногу го коментираа жени и тие пишуваа дека очекувале многу повеќе од маж кој е полн со себе како Корели.

Има и такви кои сметаат дека раперот би бил одлично дуо со Дара Бубамара, на која пред три години и се случи слично нешто. Како што велат, двајцата би биле одличен пар, бидејќи нивните „мозоци се на иста бранова должина“. Патем, Корели не се огласи по овој скандал, иако многумина очекуваа дека ќе се оправда како сето тоа се случило случајно.

-Границите се поместија, не знам каде плови веќе овој брод. Тој си ги соблече своите гаќи, не туѓите, има право на тоа. Родителите треба да обрнат поголемо внимание на тоа што прават нивните деца и кого следат – смета пејачката Зорица Марковиќ

-Нормално тоа не е во ред, не можам да му ги вратам гаќите. Дојде време секој да може да прави што сака, некој мора да застане на патот на тоа, пејачите не можат да влијаат на тоа со коментари, тој ќе продолжи да ги соблекува гаќите – изјавила Лепа Лукиќ.

– Моментална девијација во мозокот, каде тој сметал дека е добро, дека е кул. Колкав нос, толкава гордост. Она што е во излогот, го има и во продавницата – рекол Ера Ојданиќ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1