Во Меѓугорје уапсен е поранешниот тренер на Динамо Загреб - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/19/21 3:03 PM

Во Меѓугорје уапсен е поранешниот тренер на Динамо Загреб

Босанската полиција денес во Меѓугорје го привела поранешниот тренер на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ, на основа на потерницата која Хрватска ја распиша за него.

Мамиќ правосилно е осуден на четири години и осум месеци затвор, поради извлекување на пари од фудбалскиот клуб Динамо од Загреб.

Како што пренесува „HINA“, Мамиќ во текот на денот ќе биде предаден на судот во БиХ, кој ќе одлучи дали има претпоставка за изручување на братот на екс-претседателот на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ.

Зоран Мамиќ претходно потврди дека има босанско државјанство и побара затворската казна одредена во Хрватска да ја издржува токму во Босна и Херцеговина.

Се очекува дека судот во БиХ врз база на државјанството што Мамиќ го поседува, ќе го одбие барањето за изручување на соседна Хрватска.

Жупанискиот суд во Загреб на 12-ти мај распиша потерница за Мамиќ, откако тој не се јави за идржување на казната.

Зоран Мамиќ избега неодамна во БиХ, каде што од порано се наоѓа неговиот брат, првообвинет во истиот случај (шест ипол години затворска казна).

Двајцата се осудени за извлекување на 116 милиони хрватски куни, односно 15.5 милиони евра од Динамо.

 

 

Извор:

sportske.net

Фoто:

hr.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7