ММС

Објавено на: 05/19/21 2:04 PM

Густ чад и непријатна миризба се шири во Велес – Избувна пожар во поранешна Топилица

Пожар избувнал денеска во кургот на поранешна Топилница, инфорираат од општина Велес.

-Од страна на физичко лице, во 10:50 часот е пријавен во Територијалната противпожарна единица Велес. По интервенцијата на пожарникарите, пожарот е локализиран во 11:35 часот. Опожарена е површина од околу 100 квадратни метри.Веднаш е излезено на лице место при што во Извештајот за настанат пожар, доставен до Општина Велес е наведено дека пожарот настанал при сечење на метал со пневматски ножици на стара неупотреблива постројка за филтрирање.

Од извршената комуникација со присутните пожарникари при интервенцијата на гаснење, Општина Велес има сознанија дека при пожарот се запалени остатоци од материјал на ѕидовите на филтерската постројка, од која при горењето се ослободува густ бел чад со изразена непријатна миризба.

Општина Велес испрати барање до Државниот инспекторат за животна средина за вршење на инспекциски надзор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1