ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/25/21 10:22 AM

(Видео) „Не ме замарај имам си дечко“ – Како струмичкиот шегаџија Ристе Стамков најде начин да ги смее Македонците

Кај младата популација популарно е да се гледаат разни снимки на Јутјуб каналот, поточно така наречените пренк видеа. Станува збор за скриена камера каде има смешни, неочекувани и несмасни ситуации, a актери се случајни минувачи, кои не се ни свесни дека се предмет на шега.

 

Таков мајтапчија е 23-годишниот Ристе Стамков од Струмица, кој знае со неговите пренкови да ја насмее цела Македонија, токму во ова време кога луѓето се помалку се смеат поради пандемијата. Идејата за пренкови на Ристе му дошла гледајќи ги балканските јутјубери.

– Гледав често видеа, па ми стана интересно. Знаев дека можам да снимам исто како сите други бидејќи никогаш не можам да седам мирен. Интересно  ми стана ова  Јутјуб хоби, открива малдиот пренкер.

Ристе претежно снима во својот роден град Струмица. Тој вели дека луѓето позитивно реагираат на неговите шеги, но не крие дека се нашол и во непријатни ситуации.

– Најмногу снимам во Струмица, имам снимено во Радовиш, Скопје… Луѓето овде се мирни, но има и разни луѓе, некои се спротиставуваат, некои не сакаат да бидат пред камера. Јас сепак го почитувам нивниот збор, па некои видеа ги бришам, а некаде им го кријам лицето, вели струмичанецот и открива откако почнал да се занимава бил мета на навреди и напади.

https://www.youtube.com/watch?v=cOLRl2sADq4

– Да има многу што ме навредувале, но мене тие коментари не ме допираат, нормално доколку не сака да биде дел од шегата јас не го објавувам, но кога  во тој момент на некого не му пречи јас го закачувам пренкот на мојот Јутјуб канал и потоа не го бришам. Инаку само еднаш бев нападнат додека го снимавме пренкот со Ритко од Битола, мој другар и колега. Тука во Струмица снимавме, пренкот беше како нешто „крадеме“ и газдата на локалот мислеше дека навистина тоа ни беше целта, па не нападна. Мојот другар успеа да му избега, но јас бев со грбот завртен и ме удри во пределот на срцето, морам да признаам дека до пред некој ден ме болеше, се смее тој.

Во секоја работа мора да има позитивни и негативни коментари, особено кога станува збор за ова хови на Ристе. Тој објасни колку му пречат негативните коментари за своите смешни видеа.

– На почетокот ме допираа, искрен да бидам, но со тек на времето ми станаа и тие коментари интересни. Да сакав да ме сакаат ќе продавав сладолед, мора во оваа работа да има хејт коментари. Ако нема тогаш нешто не е во ред со мене. Тие што ме знаат приватно знаат каков човек сум и тоа е тоа, рече тој и откри колку може од овие видеа да се живее во Макдонија.

-Па, искрено да ви кажам за овој труд, снимање, едитирање, па идеи и слично за жал не се заработува многу, но со еден или два спонозра овде во Македонија, од моите претплатници и од гледаноста може да се извади една плата . Во суштина сум задоволен, пред 3 – 4 месеци не заработував ништо, сега се сменија работите, како што ми доаѓа нова публика, така доаѓаат и спонзорите, а гледаноста ми се зголемува, додаде тој.

Најлудото нешто што струмичкиот пренкер го снимил е „Gold digger prank“ што за ова видео вели откако го објавил се  тргнало на добро.

– Хмм, не знам искрено ама поради гледаноста на „Gold digger prank“ мислам дека тоа ми е најлудото нешто што го имам направено, над 115 илјади гледаност, и тоа беше страшен мотив за мене. Искрено мислам дека по ова видео ми тргна се на добро. Се надевам нема да престанам овде.

Пренкот кај нас стана популарен откако руските комичари успеа да му направат пренк на нашиот премиер Зоран Заев, па Ристе открива дали во план му е да се пошегува со нашите политичари.

– Хаха… Искрено не се замарам многу со политика. Нормално знам неколку политичари, ама немам желба да направам пренк на некого, не сакам да се закачам со нив, може да завршам зад решетки, па наместо пранкови, да правам влогови од затвор, се пошегува Стамков на своја сметка и порача дека неговите видеа носат само позитива без навреда кон некого.

– Моите пренкови носат само позитива, сакам да им биде забавно на луѓето. Во ниту еден момент не сум сакал да повредам некого или пак да навредам. Сите мои фанови кои ме поддржуваат уште од почетокот имаат посебно место во моето срце. Очекувајте многу луди видеа ова лето од мене, додаде тој.

Во продолжение погледнете го најгледаното видео на Стамков:

https://www.youtube.com/watch?v=HpOG6xEFkkw

 

Весна Петровска

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7