ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/18/21 10:18 PM

Додека неговата 22 години помлада сопруга цвета, Сталоне пропаѓа: Лицето му се распаѓа од ботокс

Познатиот Силвестер Сталоне (74) се оженил во 1997 година со 22.години помладата убавица Џенифер Флавин, а за малку ќе останел без неа поради неговата поранешна девојка.

Силвестер во понеделникот и посветил објава на Инстаграм на својата сопруга со која прослави 24 години брак.

-Среќна 24.годишнина од брак. Времето лета, но имам благословен живот благодарение на својата сопруга и семејството, истакнал актерот.

На фотографијата на која позирал со сопругата може да се забележи голема разлика во нивниот изглед. Додека таа изгледа прекрасно и многумина истакнуваат дека нивните ќерки ја наследиле убавината од неа, на лицето на Сталоне се гледаат последиците од премногу ботокс и други козметички третмани кои ги направил да го забави стареењето.

Актерот и поранешната манекенка Флавин имаат три ќерки Систин (22), Скарлет (18) и Софија (24). Парот ја започнал врската на почетокот на 90-тите, но потоа Сталоне раскинал со Џенифер преку писмо поради некогаш славниот модел и секс-симбол Џенис Диксон (66).

Џенис на актерот му рекла дека носи негова ќерка и се вериле, но кога ја родила Савана раскинале. ДНК тестот покажал дека тој не е татко на дететео. Џенис во автобиографијата „No Lifequard On Duty“ од 2002 година открила дека спиела со тројца мажи во разлика од неколку дена. Испаднало дека татко на нејзината ќерка е филмскиот продуцент Мишел Бирнбаум.

За среќа Џенифер му дала втора шанса на Сталоне откако се докажало дека Џенис го излажала, а тој сакал да ја направи вистинската работа.

Силвестер станал опседнат со третманите како и неговата покојна мајка Џеки Сталоне, па веќе не е миленик на жените како што бил некогаш.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Актерот почнал со корекции пред десетина години, а многумина истакнуваат дека е штета, бидејќи некогаш бил интересен да се гледа на филмското платно. Јавноста се надева дека неговите ќерки, нема да тргнат по неговиот пат.

Извор: Стил.курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7