ММС

Објавено на: 05/17/21 3:54 PM

(ВИДЕО) Стеф е едноставно неверојатен: ГСВ победи со Мемфис и закажа дуел против Леброн Џејмс

На 33-годишна возраст, Стеф Кари влезе во друштво на Мајкл Џордан, како единствен кошаркар кој е водечки стрелец во НБА лигата во една сезона, на 33 или повеќе години. И кога сите го отпишаа, деградираа дека можел до трофеј само со најдобрите, а истите најдобри побрзаа да се придружат на некои супер-тимови, најголемиот шутер во историјата на играта, на „свој грб“ и без Клеј Томпсон и Кевин Дурант, ги остава критичарите неми.

Финишот на регуларниот дел од најдобрата кошаркарска светска лига ги оправда сите очекувања и на фановите им даде одлична увертира за она што ќе се случува прво во плеј-инот, подоцна во плеј-офот.

Синоќа Голден Стејт Вориорс во директен дуел со конкурентот за елиминационата фаза го порази Мемфис Гризлис со 113:101, а лидерот и иконата на клубот од западниот брег заслужено се најде по милионити пат во центарот на вниманието.

Кари постигна 46 поени, девет асистенции и седум скокови во навистина неверојатната вечер на која ѝ недостасуваше само комплетно исполнета сала и достоинствено проследување на „Кари шоуто“. Па така, сега Вориорс со 39-тата победа ја презедоа осмата позиција на Западот од Гризлис и закажаа двобој со Лос Анџелес Лејкерс и повратникот на паркетот Леброн Џејмс.

Aктуелните шампиони имаа отежната регуларна кампања и во најголем дел поради повредите на круцијалното дуо Џејмс-Дејвис, одвај „спасија жива глава“ и обезбедија шанса за плеј-ин дуел и потенцијален понатамошен прогрес.

Победникот од овој дуел ќе вкрсти во плеј-офот со второпласираниот Феникс Санс, додека пак поразениот за да се судри со Јута Џез во плеј-офот, ќе мора да разигрува со подобриот од Сан Антонио-Мемфис Гризлис.

 

 

 

Фото:

Twitter

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1