ММС

Објавено на: 05/17/21 12:38 PM

Комисијата за заразни болести предлага постоечките мерки да останат на сила

Kомисијата за заразни болести на состанокот кој го одржа утринава, донесе предлог да останат на сила веќе постоечките рестриктивни мерки, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

Забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот.

Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.

 

 

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.