ММС

Објавено на: 05/17/21 9:29 AM

Уништувањето на секоја ракета истрелана од Газа Израел го чини од 50 до 100 илјади долари

Уништувањето на секоја ракета исфрлена од Газа со системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“, кај Израел предизвикува финансиска загуба од 50 до 100.000 долари, пренесува Агенција Анадолија (АА.

Според веста на „Ерусалим пост“ („Jerusalem Post“), трошоците за производство на ракети со краток дострел истрелани од Газа варираат меѓу 300 до 800 долари, додека тие трошоци се двојно или тројно зголемени за ракетите со долг дострел.

Уништувањето на секоја ракета исфрлена од Газа со системот за воздушна одбрана „Железна купола“ Израел го чини од 50 до 100.000 долари.

Во израелскиот печат се наведува дека Хамас поседува повеќе од 14.000 ракети, некои од нив се со долг дострел и можат да стигнат до израелските градови како што се Тел Авив, Хаифа и Ејлат.

Истражувачот Узи Рубин од Институтот за студии за национална безбедност на Хебрејскиот универзитет истакна дека дури и најдобрите ракети од Хамас се со ниска цена.

Истакнувајќи дека тврдењата од видот дека наскоро Хамас ќе остане без ракети не се точни, Рубин наведе дека израелската Армија претходно не знаела дека Хамас има ракета што може да го достигне регионот Ејлат и дека тоа е погрешна проценка на израелските разузнавачки служби.

Израелските власти во врска со трошоците за уништување на ракетите лансирани од Газа не дадоа никакво соопштение.

Во изјавата дадена од израелската Армија стои дека „Хамас и Движењето ‘Исламски џихад’ лансирале 3.100 ракети од Газа кон Израел во рок од 7 дена“.

Израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц, соопшти дека системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“ уништил повеќе од илјада ракети од почетокот на воената операција врз Појасот Газа, што започна на 10 мај.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.