ММС

Објавено на: 05/16/21 9:27 PM

Изгласана недоверба на Петровска и Богдановски за потпретседателските функции, превирања во ДОМ

Централниот одбор на ДОМ денес одржа седница и во духот на демократијата и транспарентноста  ја разгледа иницијативата за одржување вонреден конгрес на ДОМ.

Мнозинството членови на Централниот одбор едногласно ја отфрлиле иницијативата, со образложение дека нема потреба од одржување на вонреден конгрес. Членовите истакнале дека сега фокусот на ДОМ треба да биде подготовка за претстојните локални избори, а не задоволување на лични интереси на поединци.

Со мнозинство гласови, членовите на ЦО изгласаа недоверба кон: Ана Петровска  и Мирослав Богдановски на функциите потпретседатели и членови на Извршен одбор на ДОМ, и Јасмина Пакашки на функцијата член на ИО на ДОМ.

„ДОМ е демократска партија во која се почитува мислењето на секој член кој ги негува зелените вредности. Зелената партија ДОМ продолжува со подготовките за локалните избори, за што Централниот одбор на ДОМ го задолжи Извршниот одбор на ДОМ да ги продолжи тековните активности,“ информираат од партијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1