ММС

Објавено на: 05/16/21 8:53 PM

Кумановски делегати на конгресот реагирале зошто Димитриевски не бил кандидат за член на ЦО

Делегати на конгресот  од Куманово реагирале  затоа што градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски не бил кандидат за член на ЦО и побарале да се стави точка на дневен ред со дополнување на кандидатите.

На прес-конференцијата по завршувањето на Конгресот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека делегати од Куманово предложиле градоначалникот на Куманово да биде член на Централниот одбор.

„ Потоа се јави Максим Димитриевски за дискусија и се повлече, зошто како што рече бил неколку пати член на Централниот и Извршниот одбор и извршува висока функција, градоначалник на Куманово,“ одговори Заев на новинарско прашање.

Димитриевски се заблагодари на кандидатурата, ја одбил и рекол дека  како што до сега давал поддршка на СДСМ, така ќе продолжел и понатаму и додал дека мали групи и поединци прават раздор во партијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1