ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/15/21 7:52 PM

Кокосови бомбици со јагоди – Одличен рецепт за летните денови!

Состојки:

200 грама исецкано бело чоколадо, 100 млслатка павлака, 100 грама кокос, 50 гама крем сир, 5 јагоди со средна големина, 50 грама кокос ( за валкање на бомбиците).

Подготовка:

Јагодите добро измијте ги, исчистете ги на ситни парчиња. На среден оган загрејте ја слатката павлака и пред варење полијте ја врз исцканото бело чоколадо. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Измешајте го кокосовото брашно и крем сирот и покријте со пластична фолија. Смеесата ставете ја во фрижиер еден час.

Со лажичка земајте од смесата, ставете во средина парче јагода. Со раце направете бомбица и валкајте ја во кокосовото брашно и ставете ги во фрижидер, и извадете ги 10 минути пред послужување.

Напомена: Јагодите да бидат добро изладени за да не пуштат сок при подготвувањето на бомбиците. И доколку  не сакате да ставите јагоди можете да ги направите и со друго овошје (малини, боровинки…)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7