ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/15/21 7:35 PM

Вечерва прва „свадба“ без дистанца и маски – Еве на кој начин во Хрватска да ги попуштаа епидемиолошките мерки

Вечерва во Загреб се одржува можеби најочекуваната „свадба“. Првите „гости на свадбата“ полека се собираат пред свечената сала.   Почна вториот пилот проект на Националниот штаб за цивилна заштита и Независното здружение на угостители –  пробна свадба со цел да докаже дека настаните и собирите се повторно безбедни за оние кои ги примиле двете дози на вакцината, се излечиле од корона или имаат негативен тест за ПЦР. Пред да влезат во салата, тие мора да се пријават на еден од трите шалтери. Првиот пулт е за вакцинираните, односно за оние кои примиле две дози вакцина, вториот за тестираните, оние кои направиле ПЦР тест во последните 24 часа и третиот за оние кои прележале Ковид-19.

Иако на оваа необична свадба нема да има невеста и младоженец, фрлање на бидермаерот, деверуши, но забава и добра храна нема да недостасува.  За богатата свадбарска трпеза се погрижила кетеринг служба.

Во четвртокот се одржа пилот вечера на која учествуваа 90 гости кои ги примиле двете дози на вакцина. Тие ќе бидат тестирани за една недела. Резултатите од пилот-проектот се очекува да влијаат на одлуките за епидемиолошки мерки.

Извор: vecernji.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7