ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/15/21 7:18 PM

(ФОТО) Празни плажите во Пефкохори – Грците подготвени за туристите!

Од денес официјално е отворена сезоната во Грција. Во Пефкохори се уште многу кафичи, ресторани, апартмани и хотели се затворени, но плажите се подготвени, но празни.

Се чекаат првите туристи веќе да пристигнуваат на грчките плажи. Маските и во Грција ќе бидат задолжителни каде и да одаите освен на плажите и во угостителските објекти каде што ќе се пие и јаде.

Вчера многу македонски државјани се упатија кон Грција, но грчката граница беше се уште затворена.

Сите патници кои влегуваат во земјата, независно од нивното државјанство, се должни да пополнат формулар ПЛФ (на веб-страна travel.gov.gr), најмалку 24 часа пред датумот на влез.

Пополнетиот ПЛФ формулар се смета за неопходен патнички документ за секој вид на влез во Хеленската Република (по копнен, воздушен и воден пат), се наведува во соопштението од грчкото МНР.

Фото: Блиц.рс / Милан Илиќ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7