ММС

Објавено на: 05/15/21 9:49 AM

Изменет сообраќаен режим утре во Скопје

Утре – 16.05.2021 (недела), поради одржување на  спортско-рекреативната трка „Прв до врв”, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во Скопје, соопштија од МВР.

Притоа, предвидената траса на движење на велосипедската трка, која започнува во 09.45 часот, е: пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј”, лево по бул.„Св. Климент Охридски”, во продолжение по бул.„Мајка Тереза”, лево по ул.„Тодор Александров”, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст”), а  трасата на движење на планинарите почнува од пред О.У.„Кочо Рацин”, на бул.„Мајка Тереза”, право по ул.„Тодор Александров” и кај ул.„Салвадор Аљенде” десно, по планински патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно („Милениумски крст”).

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот. 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.