ММС

Објавено на: 05/15/21 9:35 AM

Вкупно 148 сообраќајни прекршоци во Скопје регистрирала вчера полицијата

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, пет за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли – соопштија денеска од  МВР.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 48 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат – најавуваат од Министерството. Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема сообраќајна безбедност.

 

Фото: Архива / МВР


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.