ММС

Објавено на: 05/15/21 7:27 AM

Патиштата наместа влажни, се препорачува внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ потсетуваат и дека патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.