ММС

Објавено на: 05/13/21 12:07 AM

Од црн џип со 90 куршуми од „калашњиков“ изрешетан „голфот“ на убиениот Камбер во Бутел

Скопјанецот Камер Идризи (42) и негов роднина се убиените вечерва во населбата Бутел 2, дознава 24 Инфо. Кои се мотивите за убиството на Идризи, кој во Бутел е познат како Камбер, и тоа на големиот верски празник Рамазан Бајрам за сега не се познати.

Зад воланот на „голфот“ бил внукот на Идризи кои биле паркирани во близина на еден ресторан. Тогаш во нив било пукано од црн џип од кој пукале најмалку двајца. Убијците биле со „калашникови“ и испукале голем број на куршуми. Неофицијално, биле испукани околу 90 куршуми, а полицијата на местото пронашла две испразнети рамки од автоматски пушки, пишува 24 Инфо.

Фото: 24 Инфо


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1