ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/12/21 11:10 PM

Американскиот актер Марк Рафало повикува на санкции поради израелската окупација во Источен Кудс

Американскиот актер и режисер Марк Рафало ја критикуваше употребата на насилство од израелската полиција врз Палестинците во „Ал-Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и повика на воведување санкции кон Израел.

Познатиот актер Рафало, кој го толкува холивудскиот лик Хулк, на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „1.500 Палестинци се соочуваат со депортација во Ерусалим. 200 демонстранти се ранети, а 9 деца се убиени. Санкциите врз Јужна Африка помогнаа во ослободувањето на црниот народ. Време е за санкции кон Израел за ослободување на Палестинците.“

Американскиот актер во својата објава под хаштагот „Шеик Џара“ вклучи и линк до интернет-страница која повикува на собирање 2 милиони потписи за воведување санкции кон Израел.

На референтната веб-страница што ја даде Рафало, обраќајќи им се на министерот за надворешни работи на САД, Блинкен, на министерствата за надворешни работи и на парламентите и шефовите на држави, во врска со насилството што израелската полиција го спроведе врз Палестинците во подрачјето на Шеик Џара, потенцираше:

„Третманот на палестинскиот народ стана дамка врз светската совест. Време е да се воведат санкции за израелската индустрија, сè додека на Палестинците не им бидат дадени целосни и еднакви граѓански права.“

На платформата за собирање 2 милиони потписи за воведување санкции кон Израел може да се забележи дека досега се собрани повеќе од 1 милион и 700 илјади потписи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7