(ВИДЕО) Милан е на „седмо небо“, Торино се посрамоти на домашен терен
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/12/21 10:50 PM

(ВИДЕО) Милан е на „седмо небо“, Торино се посрамоти на домашен терен

Екипата на Милан која во добар дел од сезоната се наоѓаше на првата позиција на табелата во Сериа А и беше главен конкурент на градскиот ривал Интер за Скудето, за три дена во Торино постигна вкупно десет погодоци.

Миланезите во неделата убедливо го поразија Јувентус со 0:3, a вечерва го посрамотија другиот тим од истоимениот град. Милан значително ги зголеми шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона, откако го совлада веќе „спасениот“ Торино со резултат 0:7. Да, ретко, но и тоа се случува во италијанската прва фудбалска дивизија.

Можеби и најдобриот поединец во редовите на „росонерите“ во оваа кампања, Тео Ернандес, го отвори скорерското шоу на „Олимпискиот стадион“ по додавањето на Брахим Диаз. Фудбалерот кој исто така ја истакнува кандидатурата за играч на сезоната во својот тим, Франк Кеси, се искупи од белата точка по промашениот пенал со Јувентус и го удвои водството на Милан.

https://www.youtube.com/watch?v=f_IgcKBNvbs

Во второто полувреме, дожд од голови и немоќен Торино. Милан практично секоја шанса пред голот на Салваторе Сиригу ја претвори во погодок. Добрата мини-форма на Брахим Диаз беше крунисана со уште еден гол во 50-тата минута, а потоа на сцена стапи хрватскиот репрезентативен напаѓач.

Анте Ребиќ во 62-та минута успешно го пригра Тео Ернандес за 0:4, а само пет минути подоцна го отвори и своето конто против шеснаесеттопласираниот опонент. Некогашниот играч на Ајнтрахт Франфкурт во период од 12 минути успеа да забележи хет-трик и да ја оконча огромната победа на црвено-црните.

Битката за место во најдоброто клупско натпреварување продолжува викендов. Милан на домашен терен го дочекува Каљари, Јувентус ќе го угости шампионот Интер, додека пак Наполи го очекува тешко гостување во Фиренца против Фиорентина. Оваа победа го искачи Милан на третата позиција со освоени 75 поени, два повеќе од четвртиот Наполи и три повеќе од Јувентус.

 

д.ј

Фото:

Twitter / @acmilan


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7