ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/12/21 10:00 PM

Убиство во скопската населба Бутел 2

Вечерва на улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“ во населбата Бутел 2, се случило убиство. Од МВР за ММС ја потврдија информацијата.

-Во СВР Скопје околу 22.00 часот е пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон патничко возило ,,голф”, во кое имало две лица, кои потоа биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош. Едното во лице им подлегнало на повредите. Увидна екипа е на терен и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1