ММС

Објавено на: 05/12/21 10:23 AM

Четиригодишно дете си купило 918 сладоледи за 2.600 евра – Мајката собира донации да го врати долгот на картичката

Четиригодишниот Ноа од Њујорк ја испразнил банкарската сметка на својата мајка Џенифер Брајант кога нарачал дури 918 Сунѓер Боб сладоледи од Амазон во вредност од околу 2.600 евра, пренесува британски Мирор.

Ноа бил голем фан на анимираниот лик Сунѓер Боб во толкава мера што нараќал дуреи 51 пакување од сладоледот со ликот на својот херој.

Неговата мајка ја споделила приказната на својот Инстаграм профил каде што раскажува дека сега се заглавени со стотици сладоледи кои се топат затоа што продавачот на Амазон не прифаќа враќање на производот.

Ноа од картичката на мајка му потрошол нешто помалку од 2.600 евра, а преку фаундрејзинг кампања успеала да собере речиси 20.000 евра што е далеку повеќе од она што им е потребно да го покријат трошокот на картичката.

Џенифер е студентка по социјални работи и има уште две деца и без помош на интернет кампањата не би имала можност да ја плати грешката на синот.

 

Извор: 24sata.hr

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.