ММС

Објавено на: 05/12/21 10:18 AM

Алекс Родригез вознемирен поради Џенифер Лопез и Бен Афлек, а таа блеска на концерт

Само што помина еден месец од раскинувањето на веридбата, Џенифер Лопез повторно е во врска, за пто нејзиниот поранешен партнер, Алекс Родригез е непријатно изненаден. Како што пренесуваат странските медиуми, поранешниот бејзбл игра е прилично вознемирен поради оваа вест.

Пејачката Џенифер Лопез повторно е видена со актерот Бен Афлек. Овојпат заедно се враќале од одмор во Монтана, каде што отишле после нејзиниот концерт „VAX LIVE“.

Тоа дека љубовните искри повторно се разгореле помеѓу Џеј Ло и нејзиниот поранешен свршеник, ни малку не го израдувало нејзиниот друг свршеник, некогашниот професионален бејзбол играч, Алекс Родригез.

-Шокиран е дека веќе продолжила понатаму, рекол изворот за „ELNews“ и додал дека ова го растажило спортистот до тој степен што и испратил порака на Џенифер дека е вознемирен.

Откако парот и официјално објави дека раскинале после четири години, рекле дека ќе продолжат да работат заедно и да се поддржуваат како пријатели. Дури биле и видени заедно на вечера во хотел во Лос Анџелес, каде што биле и на првиот состанок.

 

-Мислеше дека ќе може да ги реши проблемите и повторно да бидат заедно, рекол анонимнииот извор.

-Се обидува да се најде со неа, но таа е многу груба спрема неа, рекол изворот за Родригез, кој сеуште пати по поранешната вереничка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Од друга страна поп дивата потполно заборавила на Алекс. Се посветила на своето семејство, настапила на концертот „VAX LIVE“ како една од главните точки, а тука е секако и Бен Афлек.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.