ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/11/21 10:05 PM

Пратениците по скратена постапка го изгласаа Законот за легализација на дивоградби

Со 72 гласа ЗА, три воздржани и само пет против, пратениците попладнето по скратена постапка го изгласаа Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Законот со кој практично се легализираат дивоградби од секаков можен вид, беше поддржан и од власта, но и од најголемиот дел од опозицијата.

Овој закон предвидува легализација на сите дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, или до осмиот ден на објавувањето во Службен весник. Од хациенди, базени, доградби, надоградби, до гаражи, остави, во заштитени подрачја и надвор од нив, овој закон ќе легализира сè до неговото стапување во сила.

Од законот се исклучени дивоградбите во дивоградбите во границите на охридскиот регион каде што има природно и културно наследство. Сите постапки за рушење на дивоградби во овој момент и сите поврзани управни судски постапки се стопираат.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7