ММС

Објавено на: 05/11/21 1:36 PM

Смртноста од Ковид намалена за 37,1% за една недела

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 03 до 09 мај 2021, регистрирани сe 1.304 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 37,2% во однос на минатата недела.

Тестирани се вкупно 15.781 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,4% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=482; 37,0%), со неделна инциденца – 78,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 169,9/100.000 е регистрирана во Виница.

Процентот на позитивност се движи од 2,5% до 12,2%, просечно 7,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=508, 39,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=227; 17,4%), 50-59 (n=208; 16,0%), 30-39 (n=176; 13,5%) и 20-29 (n=106; 8,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=26; 2,0%) и 10-19 години (n=53; 4,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најголемо процентуално намалување кај лицата до 39 години (41,1%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.502 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 12,2% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на

возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.

 

О.К.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.