ММС

Објавено на: 05/11/21 1:35 PM

Пуштено во функција новото фудбалско игралиште со вештачка трева во Струмица

Фудбалското игралиште вредно околу 280 илјади евра е изградено со договор на општина Струмица, ФФМ и ФК Академија Пандев. Истото ќе можат да го користат фудбалерите од сите клубови во Струмица како за тренинзи така и за одигрување на официјални натпревари во младински конкуренциии. Како што соопшти градоначалникот на Струмица Коста Јаневски игралиштето ја збогатува спортската инфраструктура во општината, но се работи и на изградба на патна инфраструктура во овој комплекс.

Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини подвлече дека како Федерација ќе работат на обезбедување и средства за изградба на соблекувални на фудбалското игралиште со вештачка трева во Струмица, а во план се вакви игралиште и во други општини во земјава.

Од ФК Академија Пандев кои се учесници во проектот изразија задоволство и упатија благодарност за изграденото фудбалско игралиште на вештачка трева, кое ќе го користат нивните млади погони.

Ване Трајков


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1