ММС

Објавено на: 05/11/21 11:20 AM

Весна Змијанац го истресе џебот – купи прескап стан за ќерка си

Весна Змијанац наводно купила стан за нејзината ќерка Николија и зетот Реља Поповиќ вреден 232,105 евра.

Фолк ѕвездата пазарила трособен стан во новиот деловно-стамбен комплекс на Кнез Милош во Белград.

-Весна неодамна го продаде својот стан на Вождовац и купи нов кој го платила 232.105 евра. Го пазарила додека бил во изградба, па едно квадрат чинел 2.661 евро, додека цената сега е доста повисока. Стан на приземје во најлуксузната зграда во таа населба, која е под видео надзор. Весна наскоро ќе се всели со Николија, Реља и петгодишниот внук Реа, рекол изворот.

Изворот наведува дека Змијанац планира некое време да биде покрај бремената ќерка во Белград, а потоа станот ќе го остави на Николија и Реља. Николија е во шестиот месец од бременоста и Весна сака до породувањето да се грижи за неа, да готви и да го чува внукот Реа. Кога бебето ќе дојде на свет, ќе биде со нив неколку месеци, а потоа ќе се врати. Николија и Реља со децата ќе останат да живеат тука.

Извор: Курир.рс

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1