ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/11/21 10:21 AM

Љубовта не се откажува – Даниела Мартиновиќ со емотивна објава по разделбата со Петар Грашо

Петар Грашо и Даниела Мартиновиќ ја прекинаа долгогодишната љубовна врска, што ја шокираше хрватската јавност која со години ги сметаше за најскладен пар.

Како што пишува Стори.хр, парот веќе некое време не живеат заедно, а веста за разделбата не сакале да ја коментираат, но Даниела сепак напиша емотивна објава на социјалните мрежи.

– Дека љубовта не се откажува, ми покажавте токму Вие… Од кога излезе песната пред две недели, непрекинато ми доаѓаат се повеќе пораки со поддршка… Благoдарам на сите што ја слушате и гледате, пеете каде и да сте поd ова небо… Ви благодарам 322.238 пати, напиша Даниела Мартиновиќ во нејзината објава на социјалните мрежи.

 

Петар и Даниела се запознале во 1995 година на Дора во Опатија, а две години подоцна започнале љубовна врска.

Парот ретко можело да се види заедно во јавност, а повеќе пати истакнувале дека на нивната врска не е потребен брак, за да останат еден покрај друг.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1