ММС

Објавено на: 05/11/21 9:23 AM

(Вознемирувачко видео) Деца скокаат од прозорец за да се спасат во масакрот во Русија

Осум ученици и еден наставник загинаа во училиште во Казањ, соопшти претставник на Итната помош на Татарстан. Бројот на жртви се зголемува.

Според соопштението непознати лица отвориле оган во близина на образовна институција, а подоцна се слушнала и експлозија. Споре првичните податоци, пукале тинејџери, а еден е приведен.

Во сите образовни институции е зголемена безбедноста.

Претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов, министерот за здравство и регионалниот обвинител се на местото на настанот.

-Не изнесоа. Прво ни рекоа да се заклучиме во кабинетот, и така направивме. Потоа се слушна силна експлозија, а минута подоцна започна пукањето, рекол еден ученик.

Извор: Информер.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.