ММС

Објавено на: 05/10/21 10:11 PM

(ВИДЕО) Милош Теодосиќ во продолжението на епизодата „каде е топката“

По враќањето од НБА лигата во Европа, Милош Теодосиќ не успеа целосно да се врати во својот препознатлив сјај, во најголем дел поради честите повреди, но во ниту еден момент не ги остави гледачите да се посомневаат во неговите квалитети и неверојатен кошаркарски талент.

Во 30-тото коло од италијанската најсилна лига, Виртус Болоња предводена од Александар Саша Ѓорѓевиќ, загуби од Тренто со резултат 83:91 и не успеа да го задржи чекорот со првите двепласирани екипи, Бриндиси и полуфиналистот во Евролигата, Милано.

Сепак, ако ништо друго, барем за лична сатисфакција и за онаа на неутралните љубители на неговата игра, повторно при крајот на втората четвртина од дуелот ја манисфестираше својата умешност со баскетот, асистирајќи на начин вреден за сите најавни шпици.

 

Теодосиќ се најде во продолжението на епизодата „каде е топката“, откако го изврти својот чувар и го проигра соиграчот којшто беше непречен на линијата за три поени.

Излитено или не, неважно. Формата е навистина привремена, а класата е вечна.

 

 

 

Фото:

Тwitter / @eurohoops / Screenshot

д.ј

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1