ММС

Објавено на: 05/10/21 8:48 PM

Лестер „го собира“ фудбалерот на француски Лил

Екипата на Лестер која се чини дека втора година по ред ќе го испушти местото за Лигата на шампионите, уште отсега се подготвува за следната сезона и потенцијалното заминување на Вилфред Ндиди.

Според новинарот на „Тhe Guardian“, Фабрицио Романо, Англичаните ги договориле персоналните услови со фудбалерот од средината на теренот на Лил, Бубакари Сумаре. Талентираниот средњак кој би можел да стане првак со својата екипа во француското првенство, ќе потпише договор со Лестер што ќе го задржи на „Кинг Пауер“ до 2026 година.

„Лисиците“ на Лил за услугите на 22-годишниот француски интернационалец ќе му исплатат нешто помалку од 30 милиони евра.

Со оглед на веќе стандардната „тактика“ на англискиот шампион од 2016 година, односно продавање по еден квалитетен фудбалер секое лето со цел обезбедување солидни финансии, ваквиот потег би значел дека по Канте, Марез, Мегваер и Чилвел, следниот на излезни врати ќе биде нигерискиот репрезентативец Вилфред Ндиди.

На три кола до крајот на кампањата 2020/21, Лестер се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Премиер Лигата со освоени 63 поени, пет повеќе од петтиот Вест Хем, но со значително потежок распоред од сите конкуренти. Гостувањата на „Олд Трафорд“ и „Стемфорд Бриџ“, за момците на Брендон Роџерс ќе претставуваат сериозен тест за можностите и надежите за следната сезона помеѓу европскиот крем.

 

 

Фото:

Twitter

д.ј

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1