ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/10/21 8:14 PM

Пaлестинската ослободителна организација го предупредува Израел на додатна ескалација на тензиите

Официјалниот претставник на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) во Кудс (Ерусалим), Аднан ал Хусеини, го предупреди Израел дека најавениот протестен марш на израелските доселеници денес во Ал-Кудс би можел додатно да ги зголеми тензиите на тоа подрачје, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Очекуваниот протестен марш на нивните доселеници ќе предизвика провокациии, што сигурно ќе доведе до судири“, изјави Ал Хусеини.

Тој истакна дека нападите на израелските безбедносни сили на „Ал Акса“ се организирани во соработка со радикалните еврејски организации.

Тој повика на итно преземање на пошироки мерки со цел одбрана на окупираниот Кудс.

Палестинците во Кудс веќе неколку дена протестираат поради израелските рации и судски одлуки за протерување на палестинските семејства од Шеик Џарах.

Ситуацијата ескалираше откако израелските сили во петокот со интервенција се обидоа да ги разбркаат верниците од комплексот на џамијата „Ал Акса“.

Стотици Палестинци се повредени во текот на нападот на израелските сили, а голем број земји и меѓународни организации најостро ги осудија израелските напади.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1