ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/10/21 12:32 PM

Состојбата во градинките е добра, се препорачува зголемување на бројот на деца – вели министерката, Шахпаска

Ние цениме дека состојбата во градинките е добра. Поради притисокот од родителите и потребата да се вратат децата во градинки, но и заради безбедната епидемиолошка состојба, ние упативме допис врз основа на кој Комисијата за заразни болести му препорача на Кризниот штаб бројот на деца кои ќе бидат во градинки да се зголеми од 15 на 20, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Тоа посочи дека овој допис ќе оди утре како предлог пред Владата, и верува дека оваа одлука ќе биде донесена.

Министерката, Шахпаска во одговор на новинарско прашање околу состојбата во градинките, посочи дека состојбата е добра, има само нови 11 вработени позитивни и само две позитивни дечиња. Таа информира дека од 21.480 слободни места според протоколите, 15.400 деца веќе се во градинките.

-Утрово имаше Кризен штаб, ние како Министерство за труд и социјална политика на секој Кризен штаб реферираме за состојбата со градинките и оваа состојба ја прават вкупната епидемиолошка слика во државата. Утрово реферирав дека за една седница, до кога трае периодот за да реферираме, има само нови 11 вработени позитивни и само две позитивни дечиња. Бројките покажуваат дека присуството на децата во градинките се зголемува, и согласно протоколите од 21.480 слободни места 15.400 дечиња веќе се во градинките, рече Шахпаска.

Според неа, ова значи дека постои една бројка од шест илјади места кои не се пополнети со деца.

Таа појасни дека се’ уште има родители кои чуваат место за своите деца, а не ги испраќаат во градинка. Додаде дека Министерството, но и општините како основачи на установите за згрижување на деца од претшколска возраст веруваат дека сега со новата бројка која е донесена како предлог, ќе се прошири капацитетот во градинките за сместување на деца, ќе се намали притисокот од страна на родителите и ќе се намалат листите на чекање.

-За листи на чекање сакам да ги потсетам граѓаните дека постојат и надвор од услови на пандемија но ние како Влада и како Министерство затоа градиме нови градинки и нови центри за сместување на деца од претшколска возраст. Кажавме дека за нецели седум месеци веќе 11 градинки се отворени, има нови 670 места за сместување, а до крајот на годината нашиот план и активности се дополнителни 13 градинки и уште 1400 места ќе има за сместување на деца во градинки, додаде министерката.

Министерката посочи дека вработените во градинките беа дел од приоритетните групи кои се вакцинираа против ковид-19.

-Како Министерство за труд и социјална политика грижејќи се за здравјето на децата и на вработените како едни од приоритетните групи кои што пристапија на вакцинирање беа вработените во градинките. Дел од нив веќе поминаа и ревакцинација, така што генерално цениме дека состојбата во градинките и понатаму ќе продолжи да биде добра.

Посочи дека останува уште една група која во првиот бран не беа вакцинирани. Додаде дека за тоа има допис, Министерството за здравство го има и тој допис и тие ќе пристапат кон процес на вакцинација во следниот период.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7