ММС

Објавено на: 05/9/21 8:13 PM

Од утре спортистите и вакцинираните може да се вратат во базените и теретаните – Грција ги отвора спортските објекти

Отворањето на спортски објекти во Грција е планирано за утре, така што спортистите ќе можат да учествуваат на натпреварите закажани за периодот од мај до септември, пренесува агенцијата АНА.

По препорака на експерти за вирусот корона од Министерството за здравство, властите дозволија употреба на базени, пред се за спортисти и вакцинирани граѓани.

Ќе се отвори и патеката за трки со коњи Маркопуло, но без присуство на публика.

По повод враќањето на спортистите-аматери на арените, Министерството за спорт соопшти дека понеделник ќе биде почеток на постепено отворање на сите спортски активности во Грција.

Сите активности се поделени на ниски, умерени и со висок ризик, поради што ќе бидат на сила здравствените мерки, па затоа спортските службеници ќе мора внимателно да следат дали се почитува сè.

Преземено од: https://www.blic.rs/

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1