ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/9/21 7:38 PM

Почина Бо кучето на Барак и Мишел Обама, некогашната ѕвезда во Белата Куќа

Бо, кучето на Барак Обама, кое беше ѕвезда на Белата куќа, почина од рак, изјави поранешниот американски претседател.

Обама им вети на своите ќерки Малија и Саша дека ќе добијат куче по победата на претседателските избори во 2008 година и така Бо влезе во Белата куќа.

„Денес нашата мајка изгуби вистински пријател и лојален придружник“, рече Обама на Твитер и објави фотографии од кучето со децата.

Бо беше подарок од сенаторот Едвард Кенеди на семејството Обама.

Кучето редовно се појавуваше на настаните во Белата куќа. Бо се сретна со папата, ги посети децата во болницата и полета со претседателски авион.

„Многу ќе ни недостасува Бо“, напиша поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, на Инстаграм.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1