ММС

Објавено на: 05/9/21 7:56 AM

Датум завиен во црно – Шест години непребол и сеќавање на осум херои од Диво насеље

Денес се навршуваат шест години од случувањата во кумановското Диво насеље, каде животите ги загубија осум припадници на МВР. Македонскиот полициски синдикат по тој повод испрати соопштение, во кое, како што велат, полицијата е тука да ги штити граѓаните и уставниот поредок и никогаш не смеат да бидат жртви на поинакви интереси.
-Шест години непребол и сеќавање нашите колеги, хероите од кои ги положија животите во Диво Насеље, шест години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети. Датум завиен со црна лента во нашата историја, датум кога изгубивме осум колеги,осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните на браникот на татковината. Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во МВР  уште еднаш апелира и  ја потсетува целокупната јавност дека припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси.  Сите ние, колегите од  Македонскиот полициски синдикат, вработените во МВР како и сите граѓани секогаш ќе ја паметиме нивната храброст и  секогаш ќе се сеќавааме на херојството,  велат од синдикатот и со почит кон хероите со црно знаменце потсетуваат на имињата на овие  херои.

🏴Жарко Кузмановски с. Брвеница;
🏴Ненад Серафимовски с. Зубовце;
🏴Сашо Самојловски ,с. Брвеница;
🏴Бобан Ивановиќ,Скопје;
🏴Горан Илијевски,Гостивар;
🏴Исамедин Османи,Скопје;
🏴Љубиша Аранѓеловиќ, Скопје;
🏴Горан Стојменовиќ,Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.