ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/8/21 8:43 PM

Четириесет години подоцна – Каде се и што прават денес членовите на групата АББА

Популарната група АББА ја сочинуваа два брачни пара, но со крајот на нивните врски, се распадна и една од најпопуларните поп групи во 70-тите.

Шведската група АББА ја сочинувале Бјорн Улваеус и Агнета Фелтск и Бени Андерсон и Фрида Лингштад. Бјорн и Бени, музичари и текстописци, соработувале на бројни проекти и после распаѓањето на групата. Нивните сопруги и пејачки Агнета и Фрида биле најважниот дел од бендот и нивните гласови идеално се надополнувале.

После распадот на групата, Ани-Фрид накратко продолжила со музиката кариера и го променила имиџот. Нејзиниот самостоен албум „ Something’s Going On“ го продуцирал Фил Колинс во 1982 година, а две години подоцна го издала албумот „Shine“. Во 1996 година го издала и албумот на шведски јазик, а потоа кариерата ја пренасочила на дуети, но настапувала и на мали проекти се до 2005 година.

За жал, нејзиниот личен живот имал многу подеми и падови, а не ја заобиколиле ниту семејните трагедии.

После бракот со музичарот од групата АБА, го запознала принцот Хајнрих Рузоа Руса од Плауена кога од Шведска се преселила во Лондон во 1986 година. Парот се преселил во Швајцарија и живееле во неговиот семеен замок во Фрајбург. Се венчале во 1992 година и биле во брак се до неговата смрт во 1999 година. Денес Ани-Фрид е грофица од Плауена.

Трагедијата која оставила најглема трага во нејзиниот живот е изненадната смрт на нејзината ќерка. Во 1998 година го загубила животот после повредата која ја здобила во сообраќајна несреќа во Њујорк.

И покрај трагедијата, Ани-Фрид и понатаму се појавува во јавноста, а еден од најпопуларните проекти нна кои учествувала е „Mamma Mia“.

Агнета Фелтск живее повлечено на фарма

Убавата русокоса после распадот на групата не се повлекла веднаш од сцената. Издала самостоен албум во 1982 година, кој бил само првиот од седумте после разделувањето на членовите на АББА.

Се омажила за хирургот Томас Соненфед во 1990 година, а се развеле само после три години.

Голем дел од своето време го посветила на астрологија, јавање и јога, а живее сама во изолирана селска куќа во близина на Стокхолм.

-Јавноста секогаш мислеше дека сум повлечена и мистериозна, но ја сум приземна повеќе отколку што мислат. Живеам на фарма во близина на Стокхолм. Водам нормален живот со две куќиња. Разговарам со другите сопственици на кучиња, идам на шопинг и ресторани со пријателите и не ми смета потпишувањето на автограми, рекла Агнета.

Животот на нивните поранешни мажи е многу динамичен, а со оглед на тоа дека тие уште се занимаваат со компонирање на музика и снимање на филмови.

Извор: Stil.kurir.rs/Фото:Profimedia

Преведено: М.П.Насковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1