ММС

Објавено на: 05/8/21 12:44 PM

(ВИДЕО) Не менувам професија, дилемата е Берово или Маврово до крај на животот, вели Бобан – Авалон

„Многу сум разочаран и можам да бидам стрелан на плоштад за се ова што ќе го кажам, но многу е тажно да живееш во држава во која никој не сака да слуша кога се зборува за музика, тие што играат и пеат треба да се платени за тоа, затоа што живеат од тоа, стопанска гранка е тоа”, изјави
Бобан Милошески во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

Тој се осврна на глобалниот проблем организирањето на концерти среде пандемија.

„Во Велика Британија тоа е една од 5 до 6 гранки водечки во економијата, а овде се гледа на тоа како „нема врска дај сега ние да средиме сега со овие другиве работи, батали музика”. Како да се размислува така кога можеби 50.000 луѓе живеат од таа работа. Многу е тажно што луѓето така размислуваат, искрено сум разочаран многу”, вели Милошески.

Трпеливи се со оглед на целата ситуација, но вели Бобан многу е тешко кога прв ќе те затвораат,, а последен ќе те отвораат.

„Јас имам фирма со 7 вработени, која од септември месец до ден денешен има нула денари приход, а јас делам 7 плати, здравствени надоместоци, ќирии, телефони и се останато по ред и нема никава разлика ако тоа јас го работам со музика, а некој друг со стоматолошка ординација. Јас
минатата година се заангажирав многу со Венко да се донесат одредени протоколи под кои би се работело, но и сега имам некое чувство дека пак сме последни во тој сегмент. Ние покажуваме трпение. И добро е што Владата покажа сенс сега што го прави и што ги дели тие милион евра на ивент индустријата”, вели Милошески.

Онлајнот не е никаква алтернатива, ниту перспектива вели Бобан, тој  клучот го гледа е во тоа што во светот е музичка  индустрија и бизнис, а кај нас никогаш не било, туку било голо преживување. Ако во Велика Британија 70 милијарди фунти се вртат годишно, не можеш тоа да го тргнеш настрана. Очекувањата се веќе од септмеври да се вратиме во старото нормално, и како што вели Бобан треба да се следи глобалното ниво, за да се применат на локално.

„Јас со плановите сум длабоко во 2022 година, бидејќи цела музичка индустрија од Запад е подготвена да работи од втората поливина на август без никакви протоколи и тоа со сериозни капацитети од 40 до 50 илјади луѓе во Велика Британија и Америка, претежно со домашни артисти. Ние треба да го следиме овој процес и да се надеваме дека до септември ќе постигнеме имунизација или со вакцини или по природен пат. Јас веќе очекувам во септември месец да се работи во Македонија нормално без никакви протоколи и ограничувања. Тоа се плановите на глобално ниво, кои ние треба да ги следиме”, истакна Милошески.

„Не може во маркет во еден момент да има по 100 луѓе, а да не може да се организираат свадби и луѓето да не можат да поделат плати, мислам дека тоа треба да се реши под итно. И ние од оваа бранша што сме, ќе покренеме некои барања, со дупло полиберални протоколи од минатата година да почнеме да работиме од 1 ви јули, а сметам дека од втората половина на септември ќе се врати работата секаде. Сега во овој момент за јуни и јули 2022 година потврдени се четири многу големи атрактивни светски имиња со концерти какви што работевме до 2019 година и имам платено аванси за тие концерти со надеж дека ќе се врати прво животот во нормала па после бизнисот’, вели Милошески.

Ако се работи онлајн тогаш тоа ќе помине без мене и без постарите генерации, вели Бобан но тоа е многу едноставно. Постојат артисти кои свртеа озбилни пари и од онлајн концерти Бочели, Дуа Липа, но проблемот е во тоа што Бочели може да направи еден, два онлајн концерти и цел свет ќе го изгледа и тој ќе земе 15 до 16 милиони долари од тоа, но од друга страна кога Бочели оди на турнеја тој во две години прави 400 концерти и зема 150 милиони долари. Онлајн еднаш ќе го видиш, дури и можеш да го снимиш, но артистот не може да прави турнеја онлајн. Тој вели и покрај ваквата ситуација во нашата земја не би менувал професија, мирните пензионерки денови сака да ги помине на планина.

„Јас имам 54 години и тоа што сум го поминал јас во интересните сфери на мојот живот преку работата, други не успеале на филм да го видат. Јас ништо не морам, не морам да менувам професија, ако дојде до таква ситуација, дилемата е дали Берово или Маврово до крајот на животот, нема трета опција не размислувам во тој правец”, вели Милошоски, кој го најави првиот комерцијален концерт на Авалон кој треба да се случи  кон крајот на јуни, почеток на август во Охрид.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.