ММС

Објавено на: 05/8/21 9:42 AM

Нашата индустрија е прва на удар, а последна која ќе се врати во целосен капацитет, изјави Ангела Кунгуловска од „Пасворд продукција“

Како фирма ние сме добри, се држиме засега. Но, нашата индустрија беше прва на удар од пандемијата, а веќе се знае дека ќе биде последна која ќе се врати во целосен капацитет, изјави Ангела Кунгуловска од „Пасворд продукција“ во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Таа вели дека состојбата на музичката индустрија на глобално ниво е лоша и стотици агенции, компании, фестивали, повеќе не ни постојат.

-Жива материја е оваа индустрија и во нормални услови, ние веќе сме навикнати на тоа. На почетокот на пандемијата решивме да не чекаме, туку нешто и сами да направиме. Тоа што знаеме ќе го работиме, а тоа што не го знаеме ќе научиме. Освен што организираме фестивали, работиме и на букинг на артисти, ивент менамент, концертна промоција и сл. Познати сме по тоа што го организираме Д Фестивал, Таксират и сите се одржаа лани во скратен формат, следејќи ги протоколите. Иако имавме пад од 80 отсто, останавме едни од ретките што ги задржавме своите вработени. Одиме напред, со сите сили, вели Кунгуловска.

Во однос на календарската 2021 година, од „Пасворд продукција“ го најавуваат 23-то издание на Таксират на седми октомври во „МКЦ“, каде што главната ѕвезда ќе биде британскиот трип-хопер Трики.

Кунгуловска додава дека нивната продукција е веќе 25 години дел од културата во земјата и пошироко и дека концерти и работа мора да има.

 

 

д.ј


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.