ММС

Објавено на: 05/7/21 10:38 PM

Раста ја продава куќата која ја изгради со Ана Николиќ за неверојатна сума

Стефан Ѓуриќ Раста откако излезе од затвор, каде бил четири месеци поради дрога, решил да промени некои работи во животот. Раперот одлучил да ја продаде куќата која ја изградил додека бил во брак со Ана Николиќ, а како шо се шпекулира, цената е околу 300.000 евра.

-Раста не планира да живее во таа куќа, бидејќи е навикнат на центарот на градот, а попријатно му е поради работата. Мислејќи дека со пејачката ќе помине цел живот, купил два плацеви и изградил куа која се простира на 500 метри квадратни. Недвижностите сеуште не ги дал во оглас, ниту е ангажирана агенција заради забрзување на процесот, но се раширила приказна преку свои пријатели дека ја продава куќата. Два-три заинтересирани купувачи се откажале кога слушнале дека бара 300.000 евра. Тоа малку го поколеба, па е несигурен во тоа дали е воопшто паметно да ја продава, отркил изворот.

Како што рекол изворот, првите два ката биле за престојување, додека поткровјето бил планот да се сместат спа и велнес центар, теретана и музичко студио. Во дворот има базен, и само во него биле вложени околу 30.000 евра поради дизајнираните плочки.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.