ММС

Објавено на: 05/7/21 10:05 PM

Бесплатно лекување за туристи кои ќе заболат од корона во Црна Гора

Од Министерството за здравство на Црна Гора на 7.мај е објавено дека е усвоен Здравствениот протокол за туристичката сезона, кој ги пропишува епидемиолошките протоколи и препораки за туристите и нивните домаќини. Болничкото лекување за туристи заболени од Ковид-19 за време на престој во Црна Гора ќе биде бесплатно и ќе имаат можност за бесплатно ПЦР тестирање.

Помеѓу одредбите е дека болничкото лекување за туристите заболени од Ковид-19 за време на престојувањето во Црна Гора ќе биде бесплатно, ќе имаат можност за бесплатно ПЦР тестирање во Институтот за јавно здравје, а сите хотелиери ќе одвојуваат 1 отсто од сместувачките капацитети за можни Ковид случаи.

Границите и понатаму се отворени за државјаните од регионот и неколку земји од Источна Европа, но како и за граѓаните на Црна Гора, забранет им е меѓуградски сообраќај за време на викенд и движење од полноќ до пет часот наутро.

Во пресрет на празникот Свети Василиј Острошки кој е на 12.мај, министерката Боровиниќ Бојовиќ рекла дека верските старешини на Српската православна црква (СПЦ) во Црна Гора соопштиле дека нема да ги повикуваат верниците на литија.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1