ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/7/21 9:20 PM

ЕМА предупредува на нуспојави од вакцините на Бионтех и Фајзер

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека податоците за вакцината против Ковид-19 на производителот Бионтех и Фајзер треба да се изменат за лекарите и пациентите бидат свесни дека луѓето кои претходно примиле дермална инјекција можат да имаат отекување на лицето псоле вакцината.

ЕУ регулаторот за лекови наведува дека се прегледани сите достапни докази и заклучиле дека „постои барем разумна можност за причинско-последична поврзаност меѓу вакцината и пријавените случаи со отечено лице кај луѓе кои примиле кожна инјекиција во минатото“, пренесува АП.

ЕМА препорачува отокот на лицето да се додаде на списокот на потенцијални несакани ефекти, но проценката на вакцината да остане непроменета, и придобивките да ги надминуваат ризиците.

Извор: Vijesti.ba


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7