ММС

Објавено на: 05/7/21 4:11 PM

Пронајдени две мртви лица во својот дом во Скопје

Вчера во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на ул.„Босна и Херцеговина“ биле пронајдени починати А.М.(58) и С.М.(57), информираат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.