ММС

Објавено на: 05/7/21 11:06 AM

Германија и Словачка бараат Македонија и Албанија заедно да ги почнат преговорите со ЕУ во јуни

Германија и Словачка се залагаат С Македонија и Албанија во јуни заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ, објавија на Твитер германскиот министер за Европа Михаел Рот и словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок.

– Германија ја поддржува целта на португалското претседателство со ЕУ да се одржи првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија во јуни. Двете земји ги испорачаа бараните реформи – сега мора и ЕУ да испорача. Понатамошното одложување ги поткопува кредибилитетот на ЕУ и стабилноста на регионот, напиша Рот, како реакција на изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за Еуроњуз дека Брисел би можел да ги почне пристапните преговори со Тирана, ако Скопје и Софија не изнајдат заеднички прифатливо решение за историскиот спор.

Шефот на дипломатијата на Словачка, Корчок, пак, смета дека Советот на ЕУ треба да го тргне ветото за С Македонија што го стави Бугарија.

– Кредибилна политика за проширување на ЕУ сега значи отфрлање на ветото во Советот, кој треба да го признае напредокот на Северна Македонија и Албанија. Одржувањето на меѓувладините конференции со двете земји веќе многу дозцни, напиша Корчок.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.