ММС

Објавено на: 05/7/21 9:54 AM

Ученичка во шесто одделение пукала и ранила тројца во своето училиште

Ученичка во шесто одделение испукала неколку куршуми во своето училиште во сојузната држава Ајдахо, САД и полесно ранила три лица по што наставничката и го одзела оружјето, објавија тамошните власти.

Шестоодделенката која посетува училиште во градот Ригби, Ајдахо, набрзо била приведена од полицијата која не сака да го открие нејзиниот идентитет ниту точниот број на години. Во САД учениците од шесто одделение по правило се на 11 или 12-годишна возраст.

– Утрово околу 9 часот ученичка од шесто одделение го зела оружјето кое го имала во ранецот и испукала повеќе куршуми во училиштето ранувајќи притоа три лица. Двете се ученици, а едното лице е просветен равотниок – изјави шерифот на округот Џеферсон, Стив  Андерсон и додаде дека повредите се лесни, а жртвите не се во животна опасност.

„Во текот на пукањето една од наставничките ја разоружала ученичката и ја задржала се до доаѓањето на полицијата“, додаде Андерсон, но не откри ништо за мотивот на нејзиниот напад.

Пукањето од огнено оружје, појава раширена во САД, редовно поттикнува дебата за носењето оружје, но попусто. Продажбата на оружје порасна за време на пандемијата и за време на протестите против расизмот во 2020 година.

Лани во пукање во САД биле убиени повеќе од 43.000 луѓе, наведе веб сајтот Gun Violence Archive.

 

Извор и фото: 24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.