ММС

Објавено на: 05/7/21 10:06 AM

Свадби најверојатно ќе има од крајот на мај, нејасно под какви протоколи

Рестораните за свадби најверојатно ќе почнат да работат кон крајот на мај доколу епидемиолошката слика тоа го дозволува, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Рестораните за свадби најверојатно ќе почнат да работат кон крајот на мај ако заедно со Комисијата за заразни болести утврдиме дека бројот на заразени се намалува. Како што гледате, веќе секоја недела носиме полабави мерки во однос на рестриктивните мерки предложени од Комисијата, рече Бектеши одговарајќи на новинарско прашање, но не прецизира на кој начин ќе работат ваквите ресторани и дали веќе има изготвено посебен протокол за нив.

Во однос на недела неработен ден, трговските центри и поединците кои ќе работат, ќе треба да платат 100% поголема дневница на вработените кои ќе работат во недела, а два отсто од остварениот приход тој ден, ќе треба да го уплатат во државната каса.

За оние кои нема да ги почитуваат законските обврски, санкции им следуваат според Законот за работни односи, а дополнително и ДПИ ќе може да врши контрола во исплатата на дневници, што досега не беше случај.

– Само да бидам појасен, бидејќи по медиумите видов дека угостителските објекти во недела ќе работат само една смена, тоа не е точно. Ова е предвидено во Законот за угостителска дејност, значи ќе работат согласно постоечките законски одредби, а таму не се предвидени измени со „недела неработен ден“, рече Бектеши.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.