ММС

Објавено на: 05/7/21 7:59 AM

Се караат, се пцујат, сакавме и полиција да викаме, велат соседите за хаосот во семејството Ѓогани по неверството

Прашината што се крена по веста дека Ѓоле Ѓогани ја изневерува сопругата Весна одекна како бомба во јавноста сè уште не се спушта. Како што дознава Курир.рс, таа е нивна семејна пријателка, со кого имале дури и долгогодишна деловна соработка. Жената не е позната во јавноста, но нејзините соседи во населбата во Нов Белград, каде живеат Ѓогани, многу добро ја познаваат.

– Ѓоле и таа жена, која дури и не може да и пријде на Весна и нејзината убавина, се познаваат повеќе од 20 години. Според она што го слушнав, таа води дел од бизнисот на Ѓоле. Некои дури велат дека таа им била менаџерка. Тие се семејни пријатели многу години. Ја гледавме како доаѓа во зградата – изјавила шокирана сосетка за Курир.

Друга сосетка, која живее на истиот кат со семејството Ѓогани, вели дека веднаш знаела за кого станува збор.

– Доагаше во нивниот стан, може да и биде мајка на Весна, колку што е постара од неа. Кога ги видовме како се бакнуваат во емисијата, целото соседство се шокираше. Тоа е главната тема во зградата. Кутрата Весна. Дали е можно тој да ја изневерувал практично пред нејзините очи? И со жена што ја познаваат со години. Рани куче да ве лае. Срамота – истакна луто соседка.

Новинарите од Курир.рс разговарале и со жената, која е задолжена за хигиена во зградата во која живеат.

– Пет соседи ми рекоа од утрово дека синоќа имало хаос во зградата, некои размислувале да повикаат полиција. Од нивниот стан се викаше и пцуеше. Тоа било вчера беше околу 11 часот, токму кога  видео со бакнувањето на Ѓоле беше прикажано и на телевизија – додала таа.

Фото: Fejsbuk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.