ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/6/21 9:24 PM

Подобро да имам 60 години, отколку да сум мртов – холивудскиот заводник влезе во седмата деценија

Еден од најголемите холивудски заводници, Џорџ Клуни денес наполни 60 години. Неколку дена пред роденденот во разговор за „Entertainment Tonight“ рекол дека нема да има прослава за роденденот.

Според неговата изјава, не е воодушевен што ќе влезе во седмата деценија од животот.

-Што се однесува на 60. роденден, не сум возбуден поради тоа, но и подобро од тоа да сум мртов, изјавил Клуни.

Во продолжението на разговорот зборувал за тоа како ги учи неговите деца, близнаците, на вредностите на хуманитарната работа.

-Тие уште немаат четири години, па тоа не го разбираат. Моите деца секогаш кога ќе земат играчка, велат „Ова е за сиромашни луѓе“. Јас на тоа им велам „да ја ставиме во корпа и да ја однесиме на сиромашните“. И гледам на нивните лица дека се шокирани од реалноста, раскажал актерот.

Извор: Espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1