ММС

Објавено на: 05/7/21 9:41 AM

„Пиши-бриши“- Како опозиција се бореа против владините реклами, сега ги враќаат

Враќањето на владините кампањи во Законот за АВМУ преку измената  на членот 102, деновиве ја разбранува јавноста, особено медиумската. Преку намерата за промена на овој дел од законот,  повторно ја враќа старата пракса, кога некои медиуми преку јавните пари се привелигираат, под изговор со јавниот интерес. СДСМ од позиција на власт се залага за тоа против што силно се бореше како опозиција.

Оние што пред неколку години „војуваа“ за бришење на овој член, потсетуваат на причините зошто овој член од законот беше избришан и зошто не треба повторно да се врати. Директната помош на медиумите, без натпревар, контрола и правила за дистрибуција на финансии, ќе значи дисторзија на пазарот.

Аргументот на владата дека се потребни јавни кампањи не држи вода поради фактот дека и сега, радиодифузерите се обврзани на бесплано емитување на кампањи од јавен интерес. Така е и во развиените медиумски пазари, каде секој радиодифузер, со добивањето на дозвола за работа, се обврзува на емитување на соопштенија и спотови од јавен интерес ( кампањи од јавен интерес). Во пракса и кај нас, радијата и телевизиите се обврзани да одстапат одреден број на секунди, доколку е во интерес на јавноста односно граѓаните. Бесплатното емитување на кампањи од интерес на јавноста е предведно со формирањето на Фондот за медиуми, кој до владата го предложи Горан Гаврилов, а го поддржа Асоцијацијата на електронски медиуми АПЕММ.

Во предлогот за формирање на Фонд за медиуми се предвидува преку дистрибуција на вакви содржини до јавноста, радиодифузерите за возврат добива бенифицирана лиценца. Идејата за Фонд за медиуми е прифатлива и за новинарските здруженија, кои сепак, сметаат дека треба да се изгради низ дијалог меѓу нив и владата.  За појаснување, Фондот за медиуми, не е пошироко и сеопфатно системско решение за сите медиуми, вклучувајќи ги и печатените и новите дигитални изданија, портали и продукции, туку тоа е Фонд за медиуми, наменет за продукција на проекти од јавен интерес.

Наместо тоа, Владата ја искористи оваа идеја за Фонд за медиуми за во пакет да ги протне владините реклами и тоа на неколку месеци пред Локалните избори. Тука се чита скриената намера.

Асоцијацијата на приватни електронски медиуми-АПЕММ , во неколку наврати укажуваше на опасноста од повторното враќање во Законот за медуми на членот 102.

Актуелизирањето на оваа прашање околу враќањето на членот 102 во законот за мениуми, го најавува она што следува во наредниот период, Локалните избори, кога на власта ќе и треба  „поддршката“ на медиумите , посебно од локалните и регионалните коишто и најмногу изгубија со бришењето на членот 102.

ММС


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.