ММС

Објавено на: 05/6/21 12:28 PM

Локални избори во Велика Британија, фокус на гласањето во Лондон

Околу 48 милиони гласачи во Велика Британија денеска гласаат на локалните избори во 143 изборни единици, а најголемо внимание привлекува изборната трка во Лондон јавува Агенција Анадолија (АА).

Процесот на гласање започна во 7:00 часот по локално време, а ќе заврши во 22:00 часот.

Пребројувањето на гласовите ќе трае долго поради мерките преземени за заштита од новиот вид коронавирус (Ковид-19), а резултатите се очекува да бидат објавени утре.

Изборите требаше да се одржат на 7 мај 2020 година, но беа одложени за 2021 година, поради епидемијата на Ковид-19. Граѓаните можат да гласаат во изборните центри, по пошта и преку полномошник, доколку приложат веродостојна причина.

На изборите повеќе од 15.000 кандидати се натпреваруваат да бидат едни од 5.000-те члена на советите во 143 општини, а избирачите ќе ги утврдат и градоначалниците на 13 града, вклучувајќи го и главниот град Лондон.

– Важен тест за партиите –

Локалните избори, кои се опишуваат како најважен тест за политичките партии по предвремените општи избори одржани во земјата на 12 декември 2019 година, се очекува да бидат сведок на ривалството меѓу владејачката Конзервативна партија и најголемата опозициска Лабуристичка партија.

На овие локални избори, на кои право на глас имаат околу 48 милиони гласачи, премиерот Борис Џонсон и Конзервативната партија, чиј лидер е тој, откако го завршија процесот на напуштање од Европската Унија (Брегзит) и им беа упатени критики за одлуките во рамките на борбата против Ковид-19, за првпат ќе се соочат со Кир Стармер од Лабуристичката партија, кој првпат ќе оди на гласање.

Во оваа земја во која изборната кампања која мина тивко поради Ковид-19, најголем интерес се пројавува за прашањето кој ќе управува со Лондон, град кој има најголем број гласачи во земјата и годишен буџет од приближно 11 милијарди фунти.

Според анкетите, 55 % го поддржуваат кандидатот на Лабуристичката партија, Садик Kан, кој е првиот градоначалник муслиман на Лондон и сè уште е на таа функција, додека 35 % го поддржуваат кандидат од Конзервативната партија Шон Бејли, кој е поддржуван од Џонсон.

Садик Кан беше избран за градоначалник на Лондон на изборите што се одржаа во Лондон во 2016 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.