ММС

Објавено на: 05/6/21 8:16 AM

Има ли крај! Во Индија хаос поради двојно мутиран вирус

Индиската влада соопшти дека „двојно мутиран корона вирус“ е откриен во март, најверојатната причина за вториот бран, кој силно ја погоди земјата. Индискиот вид корона вирусот B.1.617 се нарекува двоен мутант затоа што носи две загрижувачки мутации на нивото на врвниот протеин на вирусот Sars-Kov-2, што е причина за пандемијата на Ковид-19. Мутираната верзија е пронајдена во голем број случаи во повеќето индиски држави, пренесува Би-Би-Си.

Националниот центар за инфективни болести, сепак, соопшти дека тие сè уште не ја „поврзале целосно“ таа варијанта на вирусот со новото избувнување на инфекцијата.

Индија вчера за еден ден постави нов рекорд за нови инфекции, од кои 412.000, а починаа 3.980 лица.

Владиниот советник К Виџајрагаван призна дека експертите не ја очекувале оваа тежина на новиот бран и додаде дека новите бранови се „неизбежни“ поради прекумерната циркулација на вирусот во заедницата.

Тековниот пораст на бројот на новоинфицирани го оптерети здравствениот систем на Индија и нема доволно кревети и кислород. Оптеретени се и крематориумите, кои не успеваат да ги кремираат сите починати.

Неколку држави воведоа блокада и полициски час, но Владата избегнува да ги прошири на национално ниво од страв да не влијае на економијата.

Извор: rtcg.me

Фото: rtl.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.